undefined

Што велат мајките и лекарите за тестот NIPT by GenePlanet?

profileprofile

Алекс Фар, Австрија

Д-р по медицина, Доктор на науки, Доцент по акушерство и гинекологија

Одлуката дали треба да се направи пренатален скрининг тест е многу лична. Неа мора да ја донесат самите идни родители – дури и во случаи кога нема индикации за поголем ризик. Моја работа како гинеколог е да ве информирам за тоа кои можности за пренатален скрининг се достапни, за заедно да донесете информирана одлука. Се разбира, сосема е прифатливо ако се одлучите против каков било скрининг. Но, важно е да сте свесни за последиците и ризиците од таквата одлука.

profileprofile

Соња Левак Хозјан, Словенија

Д-р по медицина, акушерство и гинекологија

Желбата на секоја идна мајка е да роди здраво дете. Доколку го направи тестот НИПТ во првите недели од бременоста, може да биде 99 % сигурна дека нејзиното дете нема да има Даунов синдром. Тестот е неинвазивен и не претставува никаков ризик од спонтан абортус бидејќи е потребен само мал примерок од крв од трудницата. Резултатите со процена на ризик за Даунов синдром и други анеуплоидии се готови за помалку од 10 дена. Тестот го открива и полот на бебето. Во моментов, NIPT by GenePlanet е дефинитивно најточниот генетски пренатален скрининг тест на пазарот.

profileprofile

Емир Махмутбеговиќ, Босна и Херцеговина

Д-р по медицина, акушерство и гинекологија, д-р на науки по хумана/медицинска генетика

Секој пат кога препорачувам неинвазивно пренатално тестирање, на моите пациенти им го препорачувам тестот NIPT by GenePlanet, бидејќи искрено можам да кажам дека му верувам. Со над 6.000.000 обработени примероци ширум светот, овој тест е најзастапениот од ваков вид. Неговата стапка на детекција е над 99 %, а стапката на лажно позитивни резултати е само 0,12 %. За мене ова значи дека помалку мои пациенти треба да подлежат на непотребни инвазивни дијагностички процедури.

profileprofile

Маја Милановиќ-Ѓорѓевиќ, Хрватска

Д-р по медицина, акушерство и гинекологија

Горди сме што во нашата клиника обезбедуваме здравствени услуги и тестови со највисок квалитет за сите наши пациенти. Во последниве години, тестовите НИПТ станаа непроценлива дијагностичка алатка, овозможувајќи ни да откриеме фетални хромозомски абнормалности со точност што претходно не можевме ни да ја замислиме. Како резултат на тоа, голем број пациентки се поштедени од потребата од инвазивни тестови, а бебињата родени со одредени состојби може да добијат соодветен третман и нега при раѓање. Сакајќи да обезбедиме сигурен, точен и достапен одговор на загриженоста на родителите за добросостојбата на нивното бебе, на сите наши бремени пациентки им го препорачуваме тестот NIPT by GenePlanet како еден од најдобрите неинвазивни пренатални тестови во моментов на пазарот.

profileprofile

Предраг Ѓорѓевиќ, Хрватска

Д-р по медицина, акушерство и гинекологија

Грижата за здравјето на своето бебе е една од најголемите грижи на трудниците во текот на целата бременост. Пациентките ја ценат можноста да ги добијат тие информации на брз, сигурен и безбеден начин, што е заштитен знак на тестовите НИПТ. NIPT by GenePlanet, како еден од најсигурните и најдолгo присутни тестови на пазарот, e тест за НИПТ што најчесто го бараат во нашата клиника. Го препорачуваме на сите пациентки, без оглед на семејната историја или на претходно направените тестови. Поради резултатите кои се разбирливи и уверливи, како и широкиот спектар на состојби што се испитуваат, нашите пациентки и натаму го сметаат NIPT by GenePlanet како еден од најдобрите неинвазивни пренатални тестови.

Следете нè на

© 2022 GenePlanet Сите права се задржани