undefined

Што велат мајките и лекарите за тестот NIPT by GenePlanet?

profile

Мишел

37 години

Се одлучив за тестот за НИПТ затоа што резултатите од нухална транслуценција не беа толку добри како што очекував, а сакав да имам безгрижна бременост. Процесот за тестот NIPT by GenePlanet е многу едноставен. Ви земаат крв и по 6-10 дена ги добивате резултатите. Бев среќна, задоволна и пред сè смирена бидејќи знаев дека моето дете нема да има никакви генетски аномалии. Исто така, тестот покажа дека ќе имам девојче со 98 % точност. На сите кои се двоумат, топло им го препорачувам тестот НИПТ, а особено на оние кои сакаат да бидат сигурни во резултатите. Овој тест со сигурност е вистинската одлука.

profile

Алиша

37 години

За тестот НИПТ се одлучив најмногу затоа што кога бев бремена имав над 35 години, и поради тоа сакав да бидам сигурна за здравјето на моето дете и да немам никакви грижи. Ме смири тоа што NIPT by GenePlanet е неинвазивeн тест и нема никаков ризик. Исто така, резултатите беа готови за многу кратко време. Имав некое добро претчувство пред тестирањето, а откако ги добив резултатите, плачев од радост. Доколку повторно останам бремена, пак би го направила тестот.

profile

Сара

30 години

Од искуство, решив да направам и нухална транслуценција и тестот НИПТ. Работев во компанија која нуди слични услуги, па бев сигурна дека сакам да го направам тестот. НИПТ е неинвазивен пренатален тест, што значи дека не му пречи на телото и не влијае врз вашата бременост. Разликата помеѓу нухалната транслуценција и тестот НИПТ е во тоа што НИПТ прецизно укажува на сите можни хромозомски абнормалности. Покрај Дауновиот синдром, тестот исто така укажува на Едвардсов синдром, Патау синдром и други трисомии – сето тоа врз основа на примерок од крв. Бидејќи нухалната транслуценција не го покажува полот, решив да го откријам со тестот НИПТ. Една недела откако ми земаа крв, се јави медицинската сестра и ми кажа дека резултатите се нормални и не откриле никакви хромозомски абнормалности. Го препорачувам НИПТ на сите идни мајки..

profile

Нина

35 години

Кога останав бремена, веднаш решив да го направам НИПТ, бидејќи нухалната транслуценција не беше баш веродостојна. Пред девет години не бев толку добро информирана за можните компликации и хромозомски абнормалности на плодот, но денес сум. Откако ги добив резултатите од тестот НИПТ среќна сум и смирена и сега можам безгрижно да уживам во бременоста. Ако земам предвид колку пари сме потрошиле на бебешка количка, секојдневни потреби и грижа за децата, сигурно не жалам што дадов пари за тест кој го потврдува здравјето на моето бебе.

За да станете амбасадор за NIPT by GenePlanet, контактирајте го нашиот тим.

Следете нè на

© 2022 GenePlanet Сите права се задржани